Папата Франциск доби свои персонализирани жолти патики од отец Џим Сичко, при неговата посета на Ватикан. Имено, свештеникот не сакал неговата средба со поглаварот да остане „незабележана“, па му подарил, според многумина, необичен подарок.

Станува збор за обувки во комбинација од бела и жолта боја. Сичко за таа цел се обратил до дизајнерите на компанијата „Тру блу колор“ (Tru Blue Color), кои, како што се наведува, „со задоволство“ ја прифатиле нарачката.

Основа за новиот дизајн биле патиките „Најки блејзер мид 77 Винтеџ“, што потоа се украсени со грбот и името на папата Франциск. Патиките се сместени во специјална дрвена кутија, што се изработувала и дизајнирала 10 часа.

OhridNews