Уште една многу непријатна вест стигнала за британското кралско семејство. Имено, медиумите објавиле дека понудени на продажба се наоѓаат уште околу 300 разголени фотографии на принцезата Кејт од одморот во Франција, од кои досега биле објавени само 24. Меѓу необјавените имало и фотографии на принцот Вилијам без облека, а вистински кошмар за семејството претставува можноста фотографиите да се симнати од видео снимка.
Бараноста на фотографиите по британските порно сајтови според популарноста се нашле на третата позиција. Медиумите навеле дека современите папараци користат дури и беспилотни летала со далечинско управување како би ги снимиле познатите кога тие најмалку очекуваат, на осамени приватни плажи, на покривите на апартманите и слични места.