За време на едно разгледување на Новозеландскиот национален парк Фјордленд, позната дестинација на љубителите на природата од целиот свет, еден папагал од торбата на шкотски турист извлекол пасош и одлетал. И покрај обидите да го натера дрскиот папагал да го врати пасошот, сепак тој одлетал.


Полицијата го прочешлала националниот парк, но од пасошот немало ни трага. Вадењето на замена на пасошот можело да потрае околу 6 седмици. Несреќниот Шкот се пошегувал дека папагалот сигурно го користи пасошот за некои противзаконски активности. Инаку оваа врста папагали е позната како многу темпераментна, и често ги занимава туристите водејќи борби со брисачите на автомобилите.