Пред судот во Клагенфурт, Австрија се појавил папагалот Сепи, за задачата на судијата била да утврди дали тој е здрав. Такво барање пднел неговиот сопственик од Данска, кој го обвинил одгледувачот на папагали од Клагенфурт. Тој тврдел дека птицата болува од хронична болест поради која не може да лета, и од одгледувачот барал 12 илјади евра, колку што платил кога го купувал папагалот.
Кога бил во судницата, папагалот бил пуштен да лета, но удрил во најблискиот ѕид. И покрај тоа, судијата не можел да донесе одлука и побарал мислење од ветеринарите, чија специјалност се токму папагалите.