Британската полиција запрела едно возило кога забележала дека во него лета голем папагал. Бидејќи жената што го управувала автомобилот немала возачка дозвола веднаш ја привеле, а еден полицаец морал да го одвезе нејзиниот автомобил до станицата. Несреќниот Мартин Дед доброволно се пријавил, не знаејќи што го чека понатаму.
Огромната љубов на жената, папагалот од расата макао, бесен што го одвоиле од сопственичката летал низ автомобилот и се залетал кон полицаецот. Го изгребал по целото тело. Подоцна се утврдило дека папагалот бил звезда во филмот Пиратите Од Карибите со Џони Деп. Жената добила казна поради возење без возачка дозвола.