Пожарникарите во Хонг Конг спасиле еден папагал и неговиот сопственик од врвот на едно дрво високо 10 метри во еден локален парк. Дванаесет пожарникари и возило на брзата помош биле вклучени во акцијата откако сопственикот останал заглавен на стеблото на кое се качил за да го дофати својот папагал.


Додека престрашениот сопственик го спасиле релативно брзо, папагалот не се предавал и цело време бегал. На крајот еден од пожарникарите успеал да го зграби кога папагалот се спуштил пониско на дрвото. Птицата му одлетала на сопственикот низ прозорецот кога овој ја хранел.