Во резерватот за животни во Тасманија одржана била роденденска прослава за папагалот од расата какаду Фред, која наполнил 100 години добил многу роденденски честитки, дури и од Багингамската палата. Фред живее во резерватот Боноронг најмалку во последниве 20 години. Вработените во резерватот му донеле на Фред бела торта во облик на бројот 100 со три жолти свеќички. Меѓу гостите на прославата биле и голем број деца.
Петра Харис, која се грижи за Фред, вели дека сака да биде во близина на жени и знае многу зборови, а омилени фрази му се “Hello Fred” и “Polly want a cracker”. Исто така рекла дека не сака да излегува од својот кафез. Фред бил домашен миленик додека сопственикот не му починал. Повеќето какадуа не доживуваат сто години. Тие птици во дивина живеат околу 40 години, додека со 70 години во заробеништво се сметаат за стари.