-Сумата од 800.000 денари би се префрлила од ставката копирање , печатење каде средствата на расходите и онака би се намалиле со принципот електронска општина, но предлозите без логично објаснување беа отфрлени од мнозинството. Чинам дека овие два зафати се неопходни за Охрид и не се предмет за политичка мајоризација и манипулација туку интерес за јавното добро на градот, рече Пановски.
Според него предлогот бил конструктивен и во контекст на очајната туристичка организација на Охрид, кој според Пановски е срамна.
– Охрид од свет град стана панаѓурски град без притоа никој од градските власти да мрдне со прст или да понесе одговорност. Притоа забележително беше застрашувачкотот ниво на некритичност на немање капацитет за соочување со реалноста и критиките и за лажно себепромовирање за наводна успешност.Тоа Охрид го носи во тешка криза на дигнитетот, криза на управувањето , криза на доблесните норми“, смета Пановски.