Македонскиот претставник во Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро, Дејан Пановски, го исполни ветувањето дадено во текст објавен на „OhridNews“ на 23 декември 2009 година, дека прв ќе и честита на Локалната самоуправа доколку го исполни ветувањето и го изгради колекторот во Пештани.

– Го одржувам зборот и јавно (и со присуство) честитам за конечната реализација која траеше долги години. Тоа е добар момент за езерото , круна на долгогодишните залагања и лобирања на многу луѓе.-изјави Пановски.

Покрај честитки, Пановски упати и критика за говорот на градоначалникот Петрески на свеченоста во Пештани, кој според него бил недостоинствен  за еден ваков настан.

– Нашата професионална задача беше да го издигнеме значењето за довршување на овој дел, да излобираме за реализација (преку буџетот на Владата на РМ во 2007 година 3.000.000 денари за помош при реализацијата ) и со тоа да помогнеме да се заврши системот. За нас и за сите оние кои долги години се врзани за заштитата на Охридското Езеро  тоа било чест и ќе биде континуирана активност, а не политичка конструкција.-додаде Пановски.

OhridNews

Пуштен во употреба колекторскиот систем во Пештани