-Проектот за заштита на Охридското Езеро е завршен уште во 2003- 2004 година и никакви милионски средства не се користени во десетгодишен период. Како што знае целата јавност во периодот кога се реализираше проектот се извршени три државни ревизии, а имаше и пет до шест мисии на Светска банка која го финансираше тој проект, така што мислам дека тука се работи за обична манипулација на градоначалникот која не заслужува поширок коментар.-изјави Пановски.
Според него забелешките на надлежните институции за присуство на корупција во урбанизамот во Охрид се јасни, а тоа било потврдено и од извештајот на градежниот инспекторат кој го разгледувал Советот, во кој било наведено дека се поднесени голем број кривични пријави и забрани од областа на градежништвото и урбанизмот.
-Нека се повика градоначалникот само на тој извештај и ќе му биде јасно што се случува во урбанистичката сфера во Охрид, додаде Пановски.