– Прашањето на чистење на талогот – милта напластена на дното на Охридското Езеро и изнајмување на брод за таа намена беше поставено уште во 2002/2003 година од страна на тогашната локална самоуправа, но по реакција на науката тогаш таа иницијатива не се реализира. Тогаш научните работници реагираа дека чистењето ќе предизвика сериозни нарушувања на флората и фауната на дното на езерото . Не сум сигурен дали тоа тогаш беше само научен став но добро би било да ја чуеме и сега науката јасно и гласно по ова прашање, вели Пановски.
Пановски додава дека како член на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро би поддржал таква иницијатива за одредени делови од крајбрежјето и каналот.