– Акивностите помеѓу Охрид и Преспа секогаш треба да се поврзани. Во Преспа во тек е голем проект кој е во средина од имплементацијата и за да се направи една координација со одлука на министерот за животна средина од 20 октомври јас сум задолжен за имплементација на активностите поврзани со проектот за трансгранично управување со Преспанското Езеро, со цел да постигнеме интегрална заштита на охридско-преспанскиот слив, ни изјави Пановски.
Воспоставувањето на ваквата координација е и во интерес на имплементацијата на новиот закон за води кој на сила ќе стапи на 1-ви јануари 2010 година затоа што ќе треба да се формираат совети на ниво на речни басени и подсливови, како што ќе биде случај со реката Дрим, додава Пановски.
Според Пановски активностите за заштита на животната средина во охридско-преспанскиот регион кои започнаа на крајот на деведесетите години придонеле да се подигне еколошката свест кај граѓаните, но сеуште постои отпор кај поединци кои личните интереси ги ставаат пред тие на заедницата, смета тој.
– Останува борбата со индивидуалната свест. Секогаш имаме проблем со индевидуалци, со инциденти или интереси, затоа кога ќе ги формираме советите за заштита на сливовите е добро во нив да има претставници од секој сегмент на економијата и на општеството, на пример од земјоделието, туризмот, шумарство…. за да можат тука да ги бранат интересите на својот сектор, а не да се бранат интересите некаде на друга страна, вели новиот национален координатор за Преспанското Езеро, Дејан Пановски.