На 19 и 20 ноември во Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во Копенхаген Данска ќе се одржи состанок на менаџмент бордот (управувачкиот комитет) на Агенцијата во чија работа учестува, Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Дејан Пановски.

Во работата на ЕЕА учествуваат 38 европски земји, членки и соработнички на Агенцијата. На состанокот ќе бидат утврдени потребните активности и ќе биде донесен планот за иплементација за 2008 година за  развивање на заедничкиот европски информативен систем за животна средина (СЕИС), кој ќе придонесе да се подобри размената, квалитетот и управувањето на податоците и информациите за животната средина, а со тоа да се подобри и донесувањето на ефективни политички и стратешки мерки во животната средина.

Исто така ќе се утврдува развојната политика на новата ЕЕА стратегија за работа во периодот 2009-13 година,  во која како приоритети беа дадени на зајакнување на врските со меѓународните организации како ОЕЦД, ОСЦЕ, УНДП, ВМО и Светска банка. Градење и насочување на клучните индикатори и приоритетен проток на податоци за животната средина и понатамошно промовирање и употреба на ЕИОНЕТ мрежата и СЕИС концептот.

ohridnews