Не би сакал една добронамерна иницијатива за заеднички и единствен став на советниците за Охрид околу нападните урбанистички решенија во централното подрачје , да произведе негативен контекст затоа што воопшто тоа не е намерата , ниту пак имало некаква изјава од моја страна во тој правец, вели Пановски во врска со реакцијата на членовите на Комисијата за урбанизам околу актуелниот предлог- нацрт детален урбанистички план за дел од централното градско подрачје.

Драго ми е што со сите советници поразговаравме во интерес на Охрид , интерес кој секако, верувам, секој од нив го има. Критичните прашања бараат меѓусебна комуникација. Разговорот како колеги советници не значи наметнување на одлука . Охрид е секако град на сите граѓани, потенцира Пановски .

OhridNews