Климатските промени нема да предизвикаат само еколошки последици, туку ќе влијаат и врз светската економија, заклучија учесниците на состанокот на Директоратот за животна средина на Европската Комисија, што вчера се одржа во Брисел.

Македонија на овој состанок ја претставуваше Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање. На состанокот во Брисел посветен на адаптирањето кон климатските промени учествуваа преставници на сите земји членки на ЕУ како и преставници на земјите кандидати, кои разговарале за потребата од адаптација кон климатските промени.

Според Пановски климатските промени претставуваат голем еколошки и економски предизвик и за развиените земји и за оние во развој кои ќе мора да размислуваат за поголеми вложувања во екологијата.

“Заклучокот е дека ни е строго потребно  зазеленување на економијата
кое ќе се базира на енергетската ефикасност, инвестиции во јавниот
транспорт  и еколошки критериуми при градба на нови објекти или
реновирање на старите“ , изјави Пановски по завршувањето на состанокот. 

Пановски
ја пренесе пораката дека Европската Унија ќе работи на стратегијата и
на можностите за финансирање во зелената економија . „Македонија  има
направено стратешки чекори во тој правец и треба да се засили степенот
на политички одлуки и подготвеност за менаџирање на финансиската
поддршка која се очекува“ рече Пановски.

ohridnews