Актуелниот советник за води и член на институтот „Павел Шатев“, Дејан Пановски, во иднина ќе ја извршува функцијата раководител на Центарот за комуникации на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, откако досегашниот вршител на таа должност, Спасе Панџак се повлече од лични причини, информираше партијата.

Дејан Пановски во изјава за „Ohridnews“, ја потврди информацијата. Тој кажа дека г-нот Панџак поднел оставка од лични причини и дека работата на Центарот за комуникации продолжува да се одвива нормално. Пановски информира дека нема никакви други промени во центарот и дека и натаму портпароли остануваат досегашните вршители на таа функција Александра Белеска и Јованчо Секуловски.

Ohridnews