„Претстојните локални избори  во еден домен ќе бидат судбоносни  зашто конечно ќе се судрат двата концепти  кои ќе ја детерминираат иднината на Охрид“, вели Дејан Пановски од Билатераниот комитет за заштита на Охридското Езеро.

Според него, првиот е продолжување на сегашниот концепт на бетонски Охрид , препознатлив како стравотна урбана агресија , безидејност , деградација со цел развивање само на индивидуалното добро.

„ Вториот е зелен концепт за Охрид , базиран на развојни политики , визии , екотуристички постамент со цел долгорочен развој и развивање на јавното добро.Овој концепт, мене лично, ми е далеку далеку поблизок“, вели Пановски.

Тој смета дека бетонскиот концепт се отсликува со потези како на пример градба на 36 згради во потпланинскиот предел која ќе обезбеди брза еднократна добивка а  засекогаш ќе го уништи тој идеален простор.

„Зелениот концепт на пример на истиот простор по некоја моја визија би распослал мал туристички комплекс со брвнари опкружен со мал хиподром , голф игралиште , воден центар , забавен парк“ , додава Пановски, кој е убеден дека на овој начин  би се зголемила туристичката понуда, која пак ќе му носи долгорочен профит на градот.

Ohridnews