„Политичката димензија на овие локални избори во Охрид ќе бара огромно подигање на нивото на однесување и нивото на јавниот збор затоа што Охрид не смее повеќе да си дозволи вакво ниско ниво на комуникација како присутново“, вели Дејан Пановски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, мотивот да влезе во локалната власт е поврзан со неговата дефинитивна одлука, стекнатото меѓународно искуство , институционална подготвеност и визии, како што вели, да ги стави во служба на својот град.
„Согласно мојот беграунд еколошкиот пристап ќе има предност и би сакал да има и повеќе фактори од овој домен како движечка сила. Тоа секако преку програмските заложби но и преку личните заложби поврзани со промоција на една нова еколошко – туристичка политика кон градот , нова визија за развој без нарушувања и нов пристап во комуникацијата“, додава Пановски.
Тој е петти на кандидатската листа за советици од ВМРО-ДПМНЕ која официјано беше претставена завчера на прес-конференција.
Ohridnews