Паноски:Македонија до крајот на векот ќе се соочи со сериозни климатски промени
30.06.08 07:05
Согласно научните проценки температурата во Македонија до 2100 година ќе порасне за 3,8 степени а врнежите ќе се намалат за 13 проценти во просек , поради што многу е веројатно дека земјата ќе се соочи со голема криза за вода. Овие сознанија ги изнесе државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски, на меѓународната конференција посветена на водата и климатските промени што во организација на Светска банка деновиве се одржа во Тирана – Албанија.
Паноски на сесијата за влијанието на климатските промени врз водените ресурси се осврнал на влијанието на климата и сушните периоди врз нивото на водите во Црндримскиот регион и на Преспанското и Охридското Езеро. Паноски го покренал прашањето на менаџирање на дримскиот басен и езерата и влијанието на климатските промени врз овие водени ресурси, при што било договорено во октомври да биде поднесен финален проект до Светска банка.
„Науката , менаџерите и други стручни лица треба да се обединат околу оваа проблематика и да достават до оние кои одлучуваат единствени и прецизни податоци , за да можат да се донесат правилни политички одлуки во вистински момент”, смета Паноски.
Се смета дека климатските промени во овој век ќе предизвикаат сериозна светска криза за вода и храна, која нема да го одмине регионот.
Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало поз...
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози Снег провејува на патните правци Тетово-ПШапкаГостивар-Стража, Делчево и Страцин кој во...
Во понеделник, 13-ти јануари 2025 година, во 13:00 часот во Струга ќе биде оддадена последна почит на еден од најголемите чувари на македонскиот пишан збор, писателот и новинар Наум Бајо Роден на 3...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.