Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање е номиниран  како член на делегацијата на Република Македонија на 35-тото заседание на Генералната kонференција на УНЕСКО во Париз. Пановски  во рамките на македонската делегација ќе го покрива делот за природното наследство во рамките на Програмската комисија за природни науки на седниците на комисијата од 14 до 16 Октомври 2009 година.

“Унапредувањето на заштитата на животната средина и посебно борбата против загадувањето и промените на големите хидро басени е главната тема на програмската област. Тука се додава и иницијативата за поинтензивни врски со програмата човек и биосфера за реализација на проектите за заштита на биолошката разновидност”, изјави Паноски.

Охрид и Охридското Езеро се неизбежна тема во оваа поглавје и секако новите механизми на УНЕСКО околу управувањето со природните реткости треба да ги одредат правците за натамошна заштита на езерото, додаде Паноски.

Ohridnews