Откако СДСМ возврати на реакциите на институтот „Павел Шатев“ и ВМРО ДПМНЕ, со експресна реакција се јави членоѕ на Институтот, Дејан Пановски, со што продолжи вербалната политичка војна на политичклите опоненти во Охрид. Во реаквијата на Пановски се вели:

„На кукавици кои не сакаат да се потпишат не вреди да им се возвраќа но ајде……Колку смешно и колку тажно . Колку непознавање , колку срж , глупост и страв  постои во Вас . Кои народни пари , грешници , тоа го има само во вашите болни умови опседнати со пари , опседнати со нешто што вие само знаете да го правите.

Прво , Пановски бил и е обичен службеник со плата во зависност од звањето и работи како секретар на Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро во рамките на Министерството за животна средина .Не работи со народни пари.  Прима обична плата и само плата . Престижната улога во Институтот ја работи ВОЛОНТЕРСКИ . Вие тоа не можете да го разберете. Да ве тужи човек , грев е за системот.
 
Но , кога веќе сакате да знаете што направил за Охрид еве ви малку за читање по кој знае кој пат –  поддршка и реализација за Билатерален договор за заштита на езерото, за заеднички Комитет, закон за безфосфатни детергенти за да се заштити езерото, идејата за пошумување на сливот на Сатеска, туристичка патека во Нац. Парк Галичица, за реновирање на Старо Светиклиментовото училиште, за обезбедување неколкукратно средства за порибување на езерото, за реконструкција на водовод во Лакочереј , за подобрување на водоснабдување на Вапила (проектот  во тек) , за Студенчишко блато започнат мал проект, Закон за Охридски регион……… И на крај, обезбедените, исто на мое залагање, од централната за локалната власт еден милион денари за отпочнување на санација на Грашница, која локалната треба да го сработи.  И сето ова без највисока политичка функција за одлучување .

А секаде кога одел низ светот го промовирал успешно Охрид затоа што Вие кои не знаете странски јазик и онака одете на патувања само на јадење. Кога Пановски одел низ светот организаторите плаќале за него , за да дојде да ја каже успешноста. Не земал ни дневници ,какви народни пари.  Кога ќе направите нешто слично во Вашиот не мандат туку живот за  Охрид , ќе се бориме рамноправно.
 
А да , признавам , само едно незнам , не знам како од железни кревети одеднаш се прават огромни куќи , се возат џипови и скапи коли , се прават милионски сметки. Тоа не знам затоа што не сум се дружел со вас.

Сте се намериле на погрешна адреса , другари. Жал ми е што пишувачите ја користат потрошената СДСМ наместо тие да се потпишат. Омразата и стравот ви е преголем . Јас нема да ве навредувам. Навредени се од кај што треба .Неможам да ви го разберам речникот на омразата. Не доликува на Охрид . Но срамот е Ваш , не мој .  И ,ќе ве потсетам , плашете се од други . И во 2009та“, стои во соопштението потпишано од Дејан Пановски-член на Институтот „Павел Шастев“.