Бумерангот лета, но се враќа во раката на оној што го фрлил, изјави советникот Дејан Пановски, алудирајќи на пораката што денеска ја упати градоначалникот Петрески во врска со последните случувања на локланата политичка сцена. Според Пановски, градоначалникот треба да ја преземе целокупната одговорност за како што истакна, неодговорното патување во Австралија.

– Факт е дека градоначалникот на Охрид во најпотребните 10 дена беше отсутен од Охрид и покрај паниката кој сам ја создаде. Факт е дека делегацијата замина без никаква најава и дека нејзиниот состав не беше објаснет, дури имаше членови кои беа поинаку претставени. Факт е дека агендата на градоначалникот по она што го видовме не беше во интерес на Охрид. Факт е исто така дека целокупната македонска јавност рагираше на ваквата неодговорна одлука за заминување на пат на градоначалникот и очекуваме сега по неговото враќање да има и чин на одговорност. Факт е и дека бумерангот лета но се враќа во раката на оној што го фрлил – рече Паноски.