Панормската кула „Arcelor Mittal Orbit“ во Лондон, изградена во 2012 година како симбол на летните олимписки игри одржани таа година во британската престолнина, ќе доживее значајни измени кои посебно ќе им се допаднат на децата. Имено, 115 метри високата кула, сместена во центарот на олимпискиот парк, ќе биде претворена во џиновски тобоган. Според пишувањето на сајтот урбанњуз, во самата структура на кулата ќе биде поставена 80 метри долга рампа за спуштање низ која посетителите ќе можат да се спуштаат од следната пролет. Предвидено е тобоганот да има 11 кривини како и 50 метри долга стрмна завршница.
Некои делови од оваа играчка за големи и мали ќе биде од проѕирен материјал како би овозможиле поглед на паркот од птичја перспектива. Спуштањето низ тобоганот ќе трае околу 40 секунди. нешто повисок од Кипот на слободата во САД и два пати понизок од Ајфеловата кула во Париз, кулата Arcelor Mittal Orbit е дело на британскиот вајар Аниш Капур, а се наоѓа покрај Олимпискиот стадион на Стратфорд.