Охридските панкери Комунална Хигена, овој викенд на бродот Александрија успеаа на едно место да ги сплотат сите вљубеници во панк-рок музиката од земјава.

Промоцијата на третиот албум насловен како „Avanti Lychnydos“, се чини дека беше доволна причина за обединување на силите. 

Домашните КХ, The Author и HighVoltage, скопските хард-корци Трендкил, битолските Кактус, односно единствениот Рутбој Селектор од Струга како ударна подршка, на присутните им приредија четиричасовен спектакл во срцето на езерото. 

„Огромна благодарност за сите наши другари, подржувачи и пријатели кои безрезервно ни помогнаа во реализација на идеата. Се надевамедека сите уживаа на ово мини крстарење“, велат момците од КХ. 

На албумот „Avanti Lychnydos“ се поместени 8 песни, а хард-копиите од утре ќе можат да се набават во Музичката продавница ЗЗ ТОП во Охрид. 

Инаку, охридските панкери Комунална Хигена постојат 9 години, а зад себе имаат три албуми „Комунална Свест“, „Вино&Ои!“ и најновиот „Аvanti Lychnydos“. За периодот кој претстои најавуваат официјална промоција на видео-записот за песната „Пукот“. 

Фото галерија:


Панк журка за паметење на охридскиот бенд „Комунална хигиена“ на сред езеро

OhridNews