Едно мече играчка поставено пред влезот на полициската станица во едно гратче во американската сојузна држава Орегон предизвикало голема паника бидејќи веднаш се претпоставило дека станува збор за подметната бомба. Доаѓајќи на работа вработените на влезот го забележале мечето и повикале екипа за отстранување мини и експлозивни направи, а зградата и паркингот биле евакуирани.


Меѓутоа кога играчката била изложена на рендгенски зраци, било утврдено дека не содржи никаков експлозивен материјал. Играчката, која најверојатно ја изгубило некое дете, сега се наоѓа на портирницата на полициската станица каде чека сопственикот да дојде по неа.