Чешката полиција започнала со потрагата по бомби, кои според анонимна дојава би требало да експлодираат во текот на денот на најмалку десет места ширум Чешка, пренесуваат чешките медиуми. Според анонимната дојава, дел од бомбите се поставени на железничките станици во Прага и Плзен и во седиштето на градските власти во градот Пардубице, на истокот на Чешка. „Анонимно лице по телефон не извести дека бомбите се подметнати во Прага на главната железничка станица и на останати места во Чешка“, соопштила портпаролката на чешката полиција, Маркета Јановска.

Полицијата не обелоденила за кои се железнички станици и институции се работи, но чешкото радио јавило дека полицијата ја евакуира зградата на градските власти во Пардубице, а од страна на Чешки железници било соопштено дека на половина час ќе бидат затворени железничките станици во Прага, Плзен и Пардубице.

Секоја лажна дојава за бомба, пак, чешките даночни обврзници ги чини и по неколку илјади евра, бидејќи на терен полицијата излегува заедно со пожарникари и полициски кучиња. Според чешките закони, за лажните анонимни дојави дека некаде е подметната бомба, казната е до осум години затвор.

OhridNews
извор Макфакс