На 17 октомври во близина на местото каде потона бродот „Илинден“ ќе се одржи панихида за загинатите бугарски туристи, изјави денеска претседателот на здружението на граѓани „5-ти Септември“, Сачо Алче.


-Стапивме во контакт со Дебарско – кичевската епархија околу организација на поменот, за што ќе го исвестиме Конзулатот на Р. Бугарија во Македонија, преку кој ќе ги поканиме семејствата на настраданите туристи, за кои ќе биде обезбедено сместување во Охрид, рече Алче.


Тој уште еднаш потврди дека здружението на граѓани ќе иницира и поставување на спомен плоча во знак на сеќавање на настраданите во трагедијата што се случи на 5-ти септември, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро се удавија петнаесет бугарски туристи.


Во меѓувреме денеска на два пункта во центарот  на Охрид здружението започна со собирање потписи за утврдување на вистината за потонувањето на бродот Илинден. Од Здруженито искажаа задоволство од масовниот одзив на граѓаните и очекуваат успешно спроведување на иницијативата.

Ohridnews