По повод 116 годишнината од смртта на големиот македонски поет и преродбеник, Григор Прличев, денеска на неговиот гроб, кој се наоѓа во непосредна близина на црквата Св.Богородица Перивлепта, во стариот дел на Охрид, ќе се одржи панихида.

Во рамки на Прличевите беседи 2009, пред бистата на поетот ќе биде положен ловоров венец и свежо цвеќе, по што ќе се обрати претставник на Друштвото на писатели на Македонија.

Свеченостите во чест на Прличев ќе бидат заокружени со мултимедијална промоција на три проекти од „МС Прософт“ – Охрид.

Ohridnews