Перфектниот старт на ракометарите од Зомимак им овозможи лесен триумф во Охрид во осмата рунда и продолжување на победничкиот низ во Супер лигата.


– Уште на самиот старт покажавме дека во Охрид допатувавме по двата бодови. Одигравме полувреме без ни една грешка и на времет ги отпишавме домаќини од било каков поволен резултат. Предноста стекната во првиот дел ни овозможи во вториот да влезиме по растеретено и поопуштено и шанса за настап да добијат сите ракометари – рече гостинскиот стратег Димитар Панев.

Од стумичкиот состав најавуваат жестока битка со Металург и Вардар за титулата во македонскиот шампионат.

Мх.П.