Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид со GEW Северна Македонија ќе биде ко-домаќин на Панел дискусијата во рамки на Глобалната недела на претприемништвото.

Придружете ни се да разговараме како да ја зајакнеме зелената економија со еко-пријателска енергија, велат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Говорници на панел дискусијата ќе бидат проф. Јованка Дамоска Секулоска (УНИТ „Свети Апостол Павле“), Патриша Цејсенс, извршен директор на WeWatt и Јован Јованоски, WeWatt.

Истата ќе се одржи утре, 17 ноември, од 13:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот.

OhridNews