Утре по повод Светскиот ден на театарот ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.

Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните. Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид првенствено е наменет за младата публика (средношколци и студенти), но добредојдени се и сите оние љубители на театарот кои имаат желба да присуствуваат, информираат од Младинскиот Центар Охрид.

Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Влезот е бесплатен.

OhridNews