Панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“ ќе се одржи денес во организација на ЈНУ Хидробилошки Завод Охрид, а во рамки на социјално-едукативниот дел на програмата на првото издание на „Ohrid Water Festival“.
Учество ќе земат градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, координаторот на Дримскиот процес, Дејан Пановски, Д-р Орхидеја Тасевска, научен советник и директор во ЈНУ Хидробилошки Завод Охрид и Зоран Мартиновски, претседател на „Prime Blue Institute“.
На панел дискусија која почнува во 20 часот и ќе се одржи пред платото на хотелот „Палас“ покрај за спорот, ќе се говори за заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој. Истата ќе биде пренесувана во живо на социјалните мрежи на „Ohrid Water Festival“ и OhridNews.
Во текот на денот во склоп на програмата денес од 10 до 14 часот ќе биде организиран отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.
Денес на програмата и два спортски натпревари (натпревар во едрење Експрес сејлинг и трки на 5 и 10 км со почеток во 10 часот на отворени води).
Инаку, четвртиот ден од Ohrid Water Festival во делот на социјално едукативна програма беше резервиран за Дџ Ванчо Плеј, и изложбите за флора и фауна на Охридското Езеро и Потонатото културно историско наследство, како и два спортски натпревари (СУП трка и натпревар во едрење Експрес сејлинг).
OhridNews