Панел дискусијата насловена „Засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институт Охрид ќе се одржи во среда, 27 март, во хотелот Александар Палас.
Настанот претставува сегмент од нашата континуирана посветеност на подобрување на изборниот процес во нашата земја уште од 2014 година, кога го организиравме потпишувањето на првата Декларација за фер и слободни избори и против говор на омраза, велат од Институт Охрид.
Целта на оваа панел дискусија е зајакнување на соработката помеѓу различните институции во процесот на проценка на изборните ризици пред претстојните избори, како и да ги информираме граѓаните и јавноста за значењето и улогата на соработката помеѓу институциите во изборниот процес, потенцираат.
На настанот свое обраќање ќе имаат одговорните лица на институциите со ингеренции во изборниот процес. Истите ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и практики во врска со работата на институцијата со која раководат, улогата на истата во изборниот процес и потенцијалните ризици за претстојните избори.
OhridNews