Панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“ ќе се одржи на 05.12.2024 во 12.00 часот во Касарна Хаб во Охрид.

Учесници на панелот ќе бидат Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, Проф. Др. Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски, претставник од граѓанскиот сектор, Гоу Грин од Скопје, експерт во оддржливо управување со отпад и концептот на нула отпад во општините.

Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во југозападниот и пелагонискиот регион, пречките во неговото остварување, здравствените проблеми кои настануваат со ненавременото решавање на овие еколошки проблеми и улогата на граѓанскиот сектор во изнаоѓање на конструктивни и оддржливи решенија, велат организаторите од иницијативата „Збогум Буково“.

OhridNews