Групацијата на граѓански организации „Збогум Буково” организира јавна панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“, која што ќе се оддржи утре во Касарна Хаб, Охрид.
Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во Југозападен регион, пречките во неговото остварување, здравествените проблеми кои настануваат со ненавремено решавање на овие еколошки проблеми и треба да понуди можност за изнаоѓање решенија во таа насока, велат организаторите.
На оваа панел дискусија како учесници се поканети експерти од областа на здравството, правилното управување со отпад, претставници на јавни институции како и претставници на невладиниот сектор кои работат на подигање на свеста во однос на проблемот со дивите депонии во Македонија, проблемот со енормоното загадување и изнаоѓање на оддржливи решенија, посочуваат.
На панел дискусијата свои обраќања ќе имаат Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на Сектор за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, проф. Д-р Драган Ѓорѓев, специјалист по хигиена со здравствена екологија, Емил Ангелов, проектен координатор на САЛАР Интернационал и Блаже Јосифовски, Гоу Грин, Скопје.
OhridNews