Aлександар Пандовски (23) утрово им подлегнал на повредите во државната болница во Скопје, по тешката сообраќајна несреќа во понеделникот.

Поранешниот младински репрезентативец, со својот „Голф“ се заби во бензинска пумпа на „Макпетрол“ со брзина поголема од 100 километри на час. Изминативе четири дена, популарниот Пандо бил одржуван во живот на апарати.

Својот последен ангажман го имаше во Еуромилк. Фудбалската Федерација на Македонија најверојатно ќе донесе одлука сите натпревари утре од првата лига да започнат со едноминутно молчење.

Ohridnews