Со поразот во градското дерби, Охрид Лоте ја заврши сезоната на 9. позиција на табелата со 14 освоени бода. Серијата од пет порази во последните шест кола, ги смести “градежниците“ во долниот дел од второлигашката табела.


охриѓани да се опаметат – Панџак

Гостите беа поорганизирани, подобри, имаат одличен спој на младост и искуство и сосема заслужено славеа во дербито. За нас во периодот кој следи најважно е да смогниме сили да се престориме онака како што треба – вели Спасе Панџак, кој смета дека до колку охриѓани се опаметат може да добијат прволигаш.

Во второлигашката конкуренција следува пауза, а првото коло од пролетниот шампионат се игра на 6 март.

М.П.