Во најнезгоден момент за составот на охридските градежници доаѓа гостувањето кај 11 Октомври во Прилеп. Охриѓани претпреа два порази во низа, а од досегашните натпревари “надвор“ се вратија само со три бода И тоа од гостувањето кај Влазрими (4-5), додека претрпеа порази од Миравци (1-0), Беласица (4-1) и Еуромилк (1-0), дополнително самодовербата ја разниша поразот од Тиквеш (1-4) во последното коло на “Билјанини Извори“.
– Исклучително слаб ден за нашиот состав беше натпреварот со Тиквеш. Знаеме каде одиме и што не чека, и ќе се обидеме да го изненадиме фаворитот на овај натпревар. Одиме да играме фудбал, имаме искусна екипа кој знае како треба и очекувам да ја затресеме нивната мрежа. Се надеваме на фер и коректно судење па нека победи подобриот – вели потпаролот на клубот Охрид Лоте, Спасе Панџак.
Како и на мечот со Тиквеш, Трифуноски нема да може да смета на повредените дефанзивци Велкоски И Стисниоски, како И на суспендираниот Димоски. Трифуоноски најави неколку рокади во тимот, а првата е онаа голманската, па така во Прилеп единицата ќе ја понесе Бафто.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com