Со приклучувањето на Горан Пандев и голманот Столе Димитриевски се комплетираше А селекцијата која во понеделникот ги започна подготовките за натпреварот против Албанија, со кој македонските фудбалери ќе го започнат квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија во 2018 година.
„Заедништвото, оптимизмот и одлучноста може да не води кон подобри резултати во квалификацискиот циклус за пласман на СП“, рече за официјалната интернет страница на ФФМ, Пандев и додаде „Со нетрпение го очекуваме почетокот на новиот квалификациски циклус и натпреварот со Албанија. Наша цел ќе биде да го подобриме рејтингот на македонскиот фудбал и мислам дека сме подготвени да го направиме тоа во пресметките кои ни следуваат.. Групата е тешка, секој натпревар е посебен предизвик, но верувам во играчите и стручниот штаб. Мораме да се обидеме да направиме нешто значајно“.
Напаѓачот на Џенова очекува тежок натпревар во кој како што вели „ можеби ќе победиме, можеби ќе загубиме, но ќе се бориме на вистински начин, сите овие играчи живеат за Македонија“.
Натпреварот Албанија-Македонија ќе се одигра на 5.септември во Скадар.
OhridNews