Најдобриот македонски фудбалер во моментов, струмичанецот Горан Пандев, беше стрелец на двата гола за Лацио кој во рамките на второто коло од Лигата на шампионите на Олимпико во Рим одигра нерешено 2:2 против Реал Мадрид.
Реал на два пати водеше со головите на Ван Нистелрој, но Пандев возврати најпрвин во 32м. за 1:1, а потоа и во 75м. со прекрасен гол од 16-17 метри за 2:2. Покрај двата гола, Пандев имаше уште неколку изгледни шанси, и имаше повеќе одлични додавања во нападот.
Извонредната игра на Пандев не остана незабележана од новинарите, а по блескавата партија нашиот репрезентативец се најде и насловната страна на официјалниот сајт на УЕФА.
Извонредна партија на Пандев против Реал
Инаку завршните натпревари од второто коло од Л.Ш. донесоа многу изненадувања. Актуелниот шампион Милан загуби во Глазгов од Селтик со 2:1, а непријатен пораз на Енфилд доживеа и вицешампионот Ливерпул кој загуби од Олимпик Марсеј со 1:0. Изненадувачки победи на гости однесоа и Олимпијакос кој го совлада Вердер со 3:1 и Шахтјор кој беше подобар од Бенфика во Лисабон со 1:0.
Победа на гости забележаа и бундеслигашот Шалке кој го совлада Розенборг со 2:0, и премиерлигашот Челзи над Вленсија од 2:1.Извонредната вечер на гостите кои не доживеаа ниту еден пораз ја заокружи Порто со победа над Бешикташ во Истанбул од 1:0.
Г.М.