Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев не направи трансфер во преодниот рок и во наредната година ќе остане во римскиот калчолигаш.


– Имам договоро со Лацио до 2010 , сите знаете дека сакав да го напуштам клубот, но имав недоразбирање со преседателот Лотито, кој имаше свои идеи и замисли и во текот на последниот ден се обидуваше да ме продаде по секоја цена – вели Пандев.

Струмичанецот остана на својот став да направи трансфер во поголем клуб, а шансата да ја реализира неговата замисла ќе може да ја оставари најбрзо во Јануари, дотогаш тој останува во Рим, но мала е шансата тој повторно да заигра во небесно-сниот дрес   

– Не верувам дека ќе добијам шанса да тренирам со екипата, јас ќе се вратам да да тренирам , но за мене Лацио е завршена работа. Во последните две години имав многу проблеми и притисок од негова страна за продолжување на договорот, но јас ќе останам и ќе го одработам договорот со Лацио кој ми завршува наредната година и тогаш сам ќе одлучам за својата судбина  -ззвршува Пандев.

М.П.