Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за австрискиот весник „Кроне“ порача дека на „црвено-жолтите“ би им одговарала улогата на аутсајдер на претстојното ЕУРО 2020.

Претпочитам сите да гледаат на нас како аутсајдери за да го покажеме нашиот вистнски фудбал. Ние ја обожуваме таа улога. – изјави Пандев во интервјуто.

Капитенот истакна дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум достојно да ја презентираат македонската држава на голема сцена.

Чувството да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европското првенство е прекрасно. Ние живееме за нашата земја, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и ќе дадеме сè од себе гордо да се бориме за нашето знаме, додаде Пандев.

Австрија е прв ривал на Македонија на ЕП. Мечот ќе се одигра на 13 јуни во Букурешт.

OhridNews