Пред педесет и една година разорен земјотрес го погоди главниот град на Македонија, Скопје. Тогаш УЕФА и ФИФА одиграа ревијален натпревар меѓу Југославија и тимот на Светот за помош на македонската престолнина.
Фудбалската федерација на Македонија во знак на педесет години од ревијалниот натпревар сака да го повтори тој меч, но овј пат да се игра на „Филип Втори“ во Скопје.
По повеќе од 20 години повторно во еден дрес ќе настапат ѕвездите од земјите кои ја сочинуваа Југославија. „Новата“ селекција ќе биде составена од Пандев, Вучиниќ, Матиќ, Џеко, Манџукиќ и уште многу фудбалери кои се клучни фигури во своите екипи.
Пред педесет години тимот на светот беше составен од Воринин, Јашин, Лала, Аугосто, Масопуст, Зелер, Симоес и Еузебио, а за „сините“ настапуваа Шошкиќ, Шкориќ, Мелиќ, Васовиќ, Самарџиќ, Чебинац, Замбата, Костиќ, Галиќ и Скобла.
Мх.П.