Стадионот “Џузепе Меаца” во Милано ќе биде домаќина на хуманитарна средба под мотото “Гол во името на мирот”. На натпреварот ќе се сретнат “Избраниот тим на претставници на мирот” и екипата на Ирак.

Најголемите фудбалски ѕвезди предоводени од “златната топка“ Кристијано Роналдо се поканети за мечот, на кој учество ќе земе и најдобриот македонски репрезентативец  ииграч на Лацио, Горан Пандев.

Еве го составот на “Претставници на мирот”:

Голмани:
Абондансиери (Гетафе, Шпа.), Буфон (Јувентус, Ита.);

Одбрана:
Тери (Челзи, Ан.), Занети, Кордоба, Матераци (Интер, Ита.), Милер (Монако, Фран.), Канаваро (Реал М., Шпа.), Малдини, Неста (Милан, Ита.), Пујол, Силвињо (Барселона, Шпа.);

Среден ред:
Балак (Челзи, Ан.), Бекам (ЛАГ, САД), Карири (Ал-Итихад, С.А.) Жирков (ЦСКА М., Ру.), Роки, Пандев (Лацио, Ита.), Кака, Роналдињо (Милан, Ита.), Меси (Барселона, Шпа.), Џерард (Ливерпул, Ан.), К. Роналдо (Манчестер Ј., Ан.);

Напаѓачи:
Дрогба (Челзи, Ан.), Дел Пјеро (Јувентус, Ита.), Раул (Реал М., Шпа.), Рекоба (Паниониос, Гр.), Ф. Инзаги (Милан, Ита.), Роналдо (без екипа), Ето (Барселона, Шпа.), Тевес (Манчестер Ј., Ан.) и Тоти (Рома, Ита.).