Македонскиот интернационалец Горан Пандев се најде на списокот од 25 фудаблери повикани за утрешниот дерби натпревар помеѓу Интер и Милан. На списокот помеѓу 25- та на Мурињо, се најдоа Тиаго и Снајдер, додека дефинитивно отпадна српскиот интернационалец Дејан Станковиќ.


Пандев досега одигра три натпревари и тоа сите како стартер, а на последниот натпревар против Бари го постигна и дебитантскиот погодок.

М.П.