Горан Пандев е приоритет број еден на листата желби на новиот менаџер на Њукасл Кевин Киген. 15 милиони евра е цифрата која челниците на “чавките“ се спремни да префрлат на контото на римскиот Лацио.

–  Утрово од клубот ми кажаа за понудата која ја пратиле од Њукасл. Јас не одлучувам, мојата иднина е во рацате на Клаудио Лотито. Се е можно иако поголеми се шансите за трансфер во Јуни – завршува Горан Пандев

Во колку се одлучи за црно-белиот дрес, Пандев во нападот ќе се сретне со стариот познаник Нигирециот Оба Оба Мартинс со кого настапуваа во младинскиот тим на Интер.

ohridnews