Македонскиот интернационалец Горан Пандев е на листата играчи повикани за дерби мечот вечерва помеѓу Лацио и Интер на “Олимпико“.


Пандев поради повреда ги пропушти последните два натпревари на Интер, против Аталанта и 1/2 финалето од лигата на шампиони против Барселона и мала е веројатноста вечерва да се најде на теренот во Рим.

Напаѓачот најголемата афирмација ја стекна носејќи го небесно синиот дрес на Лацио. Тој на 178 натпреври во сите конкуренции постигна 60 гола. По пет сезони минати во Лацио, во јануарскиот преоден рок како слободен играч премина во Интер.

М.П.