Горан Пандев ги тресе противничките мрежи и веднаш е во центарот на вниманието во италијанските медиуми. На веб страната на најтиражниот спрортски весник “Газета дело Спорт“ повторно информација дека во јануари Пандев ќе биде на мета италијанскиот шампион.


Контраверзниот претседател на небесно сините, Клаудио Лотито за ситуацијата околу Пандев вели:
 – Кога ќе се отвори трансфер пазарот во јануари, ќе ги разгледаме сите понуди на оние кои се заинтересирани за напаѓачот.

Интерес кај “неро- заурите“ постои,  спортскиот директор Паолило за италијанските медиуми рече: – Заинтересирани сме, но Горан мора прво да ги реши проблемите со својот клуб.

По недоразбирањата на релација Пандев – Лотито, тренерот Балардини не го повика Горан на ниту еден официјален натпревар на Лацио сезонава. Благодарение на настапите за македонската репрезентација и двата погодоци против Катар, Пандев ја потврди вистинската класа.

М.П.