Горан Пандев е фудбалер на Интер. Македонскиот интернационалец со актуелниот шампион на Италија потпиша договор до 2014 година.

Пандев претпладнево ги минал медицинските тестови и одржал тренинг со новите соиграчи. Напаѓачот наредната година ќе го носи дресот со број 27, а на навивачите ќе им биде преставен после мечот Киево – Интер, на кој се очекува Пандев да дебитира во сино -црниот дрес.

М.П.