Финалето на Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Баерн од Минхен и Интер од Милано ќе се одигра вечерва  во 20.45 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.


Симпатиите на поголемиот дел од македонската јавност се наклонети кон италијанскиот шампион, ако се знае дека за него  последните неколку месеци настапува Горан Пандев.

Најдобриот македонски фудбалер е најавен во првиот тим на „нероаѕурите“ за пресметка со баварскиот гигант.

Финалето на Лигата на шампионите е најпрестижниот натпревар на светот во кој што секој сака да победи, но не секој може да го стори тоа. Доколку успеам малку да им помогнам на играчите и да придонесам како тренер да го оствариме овој сон ќе бидам многу среќен“, изјави контроверзниот тренерот на Интер, Жозе Мурињо.

Најдобриот фудбалер на германскиот клуб Ариен Робен изјави дека за овој натпревар се сонува цел живот.

Се наоѓаме на еден чекор до големата слава и немаме намера да потклекнеме. Секоја чест на Интер за успесите досега, но ние ќе дадеме се од себе за да дојдеме до триумф во Мадрид“ , порача  Робен.

Извор “Макфакс“